Шефот на Европската централна банка Марио Драги рече дека е прерано да се прогласи победа за ниската инфлација и да се одреди датум за прекинување со печатење на пари и покрај тоа што економијата јакне.
Тој повикува на „трпение и истрајност“ во пристап на монетарната политика.
Според него, непрекинатиот економски раст може да значи дека инфлацијата порано или подоцна ќе дојде до зацртаната цел од нешто помалку од два отсто.
Моментално таа стапка изнесува 1,3 отсто на годишно ниво. Драги не потврди дека Банката ќе престане да купува обврзници во вредност од 30 милијарди евра месечно најмалку до септември, а и подолго ако биде потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.