Преку правен преседан во ДИК, започна реализација на сценариото за кражба на изборите од страна на СДСМ и Беса, кои со приговори во чисто албански средини сакаат да ја украдата волјата на мнозинството македонски гласачи – обвинуваат медиумите.
Надвор од Изборниот закон, ДИК презеде улога и за првпат побара вештачење, кое е истражна мерка што им стои на располагање на органите на истрагата, каков што не е ДИК.
Преседанот на ДИК во пракса значи дека во иднина секој што излегол да гласа може да се потпише во Избирачкиот список различно од потписот во личната карта и тоа да стане основа за масовни оспорувања на избирачкиот процес, кој ќе биде блокиран преку илјадници барања за вештачења.
Фатиме Сулејмани, која според неофицијални информации на „Вечер“ е Косоварка и нема никаква врска со Македонија, имала трага на прстот, личната карта и фотографијата се поклопувале со оние од Избирачкиот список. Симптоматично беше и тоа што сведокот кој беше донесен од претставниците на СДСМ не знаеше ниту еден збор македонски, а се работи за постара госпоѓа која живее во мултиетничка средина и сигурно би знаела барем да изговори „здраво“ на македонски.
Барањето на Државната изборна комисија за вештачење потпис на гласач е правен преседан. Поранешната членка на ДИК, Тања Алтанџиева, во изјава за „Вечер“ вели дека по јавната седница комисијата го загуби кредибилитетот пред очите на целата македонска јавност. Според Алтанџиева, оваа одлука на ДИК ја отвора можноста во идинина партиите да го оспорат секој потпис во избирачкиот список и да го одолговлекуваат процесот на објавување на конечните резултати од гласањето.
Ова што се случува е преседан и ја отвора можноста во иднина партиите да го користат овој механизам и да го оспорат секој потпис за да го одолговлекуваат процесот, вели Алтанџиева.
Како поранешен член на Државната изборна комисија, Алтанџиева вели дека приговорите поднесени од СДСМ и Движењето БЕСА не биле осонавни ниту пак поткрепени со докази.
И најголемиот дел од членовите на ДИК на седницата реагираа дека комисијата го прекршува Изборниот законик. Против одлуката на ДИК за вештачење на потписот на гласачката Сулејмани од Гостивар гласаа единствено Силвана Бонева и Сашко Срцев, со став дека на ваков начин само се одолговлекува седницата.
Дека приговорите кои ги поднесе СДСМ се неаргументирани и без никакви докази, го потврдија и членовите на комисијата по предлог на СДСМ кои не го поддр’аа приговорот на партијата за поништување на гласањето во Теарце. По извршениот увид во изборниот материјал, сите членови утврдија дека бројот на освоени гласови на партиите е идентичен со записникот од ова избирачко место.
Според експертите, видна е нервозата кај дел од членовите поради тоа што не можат да најдат основана причина за поништување на гласањето и изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.
– Нивните обиди да пронајдат повод одат дотаму што кога приговорите не ја исполнуваат целта пристапуваат и кон оспорување на гласањето по службена должност, вели аналитичарот Никола Србов.
Ваквото постапување за кое сведок беше целокупната јавност создаде револт кај граѓаните кои спонтано и во петокот се собраа пред просториите на Државната изборна комисија.
Со сличен коментар излезе и Александар Новаковски, кој беше претседател на ДИК по предлог на СДСМ.
– Тука се работи за пропуст на Избирачкиот одбор, ако некој и го злоупотребил потписот на дотичната, а тогаш е надле’но Јавното обвинителство. Но, ако овој еден глас влијае на резултатот на изборите во тоа избирачко место, и тој еден глас врши промена на мандат, тогаш мо’е и да се поништи гласањето и да се прегласа. Но, нема шанси еден глас да има такво влијание, образложува Новаковски.
Членот на ДИК, Сашо Срцев, на седницата на ДИК исто како и дел од неговите колеги реагираше на начинот на која Фатиме Сулејмани била донесена во ДИК, односно без нивно барање туку од страна на претставник на СДСМ, што него покажува дека случајот е претходно подготвуван.
– Начинот на кој беше повикана Фатиме Сулејмани не ми е јасен затоа што кој и кога ја повика и врз основа на која одлука таа дојде овде. Ова е спремна работа однапред, рече Срцев во дебата за понатамошната постапка во случајот.
За Косоварката Сулејмани, случај отвори и Основното јавно обвинителство од Гостивар, кое ќе утврдува дали на Фатиме и било ускратено правото на глас, што е против законски или таа самата отишла да гласа 2 пати, што исто така е против законски. Во исто време, предмет на проверка е и тоа дали ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола.
Иако според сценариото на СДСМ за овој случај треба да се прегласува на целото гласачко место – експертите се категорични дека доколку се случи тоа, ќе биде невиден правен преседан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот