| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ

dik-sednica-640x418

Државната изборна комисија попладнево ја продолжи седницата за приговорите со разгледување на поднесокот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 1978 во Тетово. Приговорот по расправата беше отфлен со два гласа „за“ и седум против. Забелешката, како што посочуваат, се однесува на неправилно утвдување на резулатите од гласањето при што постои разлика помеѓу констатираните резултати од страна на ИО при сумирање и утврдување на резултатите од гласањето (443) и при доделување на гласовите на кандидатите (444).

Досега, ДИК одби три приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум приговори од Движењето Беса. За еден приговор од движењето Беса кој се однесува на избирачко место во Гостивар ДИК побара графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.

За приговорот за избирачкото место 2016 каде што по барање на ДИК денеска на седница ќе треба да дојдат и останатите членови на избирачкиот одбор со цел да го потврдат избирачкиот записник. Пред просториите на Државната изборна комисија и денеска се собрани граѓани кои протестираат за, како што посочуваат, да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top