| четврток, 6 декември 2018 |

Непријатно е и за гледање: Никој не ѝ прави муабет на Тереза Меј (ВИДЕО)

Британската премиерка Тереза Меј вчера била снимена во четвртокот во многу непријатна ситуација на самитот на ЕУ во Брисел.

Во краткото видео кое на „Твитер“ го објави репортерот на „Би-Би-Си“ Даниел Сендфорд, се гледа како британската премиерка, со видна непријатност, стои сама и се врти околу себе додека останатите европски лидери се поздравуваат и комуницираат, воопшто не обраќајќи внимание на нејзиното присуство.

Сите срдечно се поздравуваат, додека таа стои на страна.

Покрај неа се наоѓала шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, која се поздравила со премиерот на Луксенбург, Ксавиер Бетел. Меј малку ги поправила ракавите и потоа почнала да ги собира документите од масата.

Секако, останатите европски лидери на самитот не ја игнорирале Меј цело време, но краткото видео под наслов  „Brexit in a single shot“ (Брегзит во само една снимка) на некој начин послужил како добра илустрација за заедништвото на ЕУ, која Британија одлучила да ја напушти.

Видеото брзо се проширило на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top