Изживувањето на СДСМ и Зоран Заев со македонскиот народ кулминираше синоќа, кога во ДИК дури и двајцата цленови од СДСМ гласаа против приговорот на партијата, заради кои целата јавност уште од утрово е вознемирана од очигледната намера незаконски да се фалсификува волјата на народот.
Сите девет членови на Државната изборна комисија, го одбија приговорот на СДСМ за гласачкото место 2.024 во шестата изборна единица во Теарце.
Со ова, одбиени се вкупно три од осум приговори на СДСМ за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември.
Членовите на Државната изборна комисија изгласаа дека треба да биде направен увид во изборниот материјал од гласачкото место 2.024 и откако увидот се направи, се утврди дека СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија освоиле 48 гласа, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 64 гласа, ДПА 35 гласа, Алијанса за Албанците 19 и Движењето Беса 48 гласа.
На овој начин се утврди дека состојбата со освоените гласови на партиите е идентична со записникот број 16 од ова избирачко место.
Утврдено е дека има 14 неважечки ливчиња, а неупотребени се 212.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.