| четврток, 6 декември 2018 |

Бесвременскиот Омејер продолжува со ПСЖ уште една година

tieri-omejer

Еден од најдобрите ракометни голмани во историјата Тиери Омејер, иако има 40 години, се уште не размислува за завршување на кариерата. И навистина нема причина со оглед на извонредната форма на искусниот голман, со која Омејер си обезбеди нов договор со ПСЖ. Францускиот првак денеска го официјализираше продолжувањето на соработката со Омејер, кој ќе остане да го чува голот на „светците“ најмалку до јуни 2018 година.

– Среќен сум што клубот верува во мене и што ја продолжуваме оваа заедничка авантура во ПСЖ. Знам дека овој клуб има највисоки можни амбиции и тоа ми дава мотив и на мене да продолжам со работа на највисоко можно ниво – изјави Омејер по потписот на новиот договор.

Искусниот голман е член на ПСЖ од 2014 година, кога пристигна од редовите на Монпелје. Во својата фантастична кариера има настапувано и за германскиот гигант Кил, како и за францускиот прволигаш Селестат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top