| четврток, 6 декември 2018 |

Дани Педроса неприкосновен на дожд

Во МотоГП шапионатот беше возена четвртата трка на патеката на Ле Ман.

Дополнително возбудување внесе и дождот кој започна на половина од трката во Мото2 шампионатот на само еден саат од стартот на трката во кралската класа.

motogp

Од почетокот на трката се идзвоија моторциклистите на Дукати и Хонда, Андреа Довициозо и Дани Педроса.

Педроса ја дочека својата шанса и на половина од трката го презема водството, па со рутинско возење до крајот заслужено го освои првото место на пиедесталот.

На второто место со извонредно возење во вториот дел од трката се пласираше Кал Крачоло, а на третото вчерашниот освојувач на пол-позицијата Марк Маркез.

Возачите на Јамаха Хорхе Лоренцо и Валентино Роси имаа лош ден. Лоренцо не се снајде најдобро на дождот и заврши на седмата позиција, а Роси по падот се врати на 12 место.

Во мото2 шапионатот трката беше прекината поради дожд и победникот беше одреден со дотогашниот редослед на трката – прво место Скот Ридинг втор беше Мика Калио, а трет Хавиер Симеон.

Победник во Мото3 трката која традиционално се вози прва, победи Маверик Вињалес пред Алекс Ринс и Луис Салом.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top