| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон самобендисан: Мерцедес мора да се консултира со мене за вториот пилот

lewis-hamilton-monaco

Британскиот пилот и минатогодишен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон се изјасни за прашањето кој ќе биде негов колега од наредната година и побара од Мерцедес да се консултираат со него за потенцијалната замена на Нико Розберг.

– Би сакал да бидам присутен кога ќе се донесе одлуката за мојот колега. Многу е важно да се избере вистинскиот пилот за вториот болид, бидејќи моралот на екипата е она што ги носи победите и успесите. Мојот колега ми е важен бидејќи сакам уште многу години да останам во Мерцедес и да освојувам титули – вели Британецот.

Најспоменувани кандидати се Фернандо Алонсо и Џенсон Батон, кој најави пензија на крајот од овогодишниот шампионат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top