Селекторот на германската ракометна репрезентација Дагур Сигурдсон е тренер на годината во изборот на специјализираниот ракометен медиум „Хендбол-планет“. Исландскиот стручњак ја доби довербата на стручното жири и освои 125 гласа. Тој со Германија стана европски првак во Полска во јануари оваа година, а се закити и со бронза на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Второто место во изборот му припадна на Талант Дујшебаев, кој со Кјелце стана европски првак во клупска конкуренција, а со полската репрезентација играше полуфинале на олимпискиот турнир.
Понатаму во изборот следуваат Гудмунсон, Врањеш и Рибера од третото до петтото место. „Хендбал-планет“ го прогласи Микел Хансен за ракометар на годината, а Кирил Лазаров за најдобар десен бек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.