| четврток, 6 декември 2018 |

Серена го освои и Рим

serena 1

Феноменалната американка Серена Вилијамс ја потврди својата апсолутна доминација во женскиот тенис со освојувањето на првото место на тенискиот турнир во Рим од мастерс серијата. Таа дури ни во финалето немаше тешка задача и со 2-0 ( 6-1, 6-3) ја победи белорусинката Викторија Азаренка.

Азаренка само во вториот сет пружи соодветен отпор до резултат 4-3 за американката. Сепак во следниот гем го изгуби својот сервис и да го загуби и вториот сет воедно и мечот.

Серена Вилијамс со овој освоен турнир дојде до  51  во нејзината кариера.

Таа останува најсериозен кандидат за освојување на Ролан Гарос, вториот грен слем оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top