| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ во шок: Групен секс емитуван во ударен термин на државната телевизија (+18)

Во ударен термин вчеравечер на федералната телевизија на Босна и Херцеговина се емитуваше документарниот филм „Pussy Riot панк молитва“, во кој се прикажани сцени од групен секс.

Весникот „Дневни аваз“ пишува дека „скандалозната порнографска содржина“ е емитувана во ударен термин, а за тоа ги обвинува директорот на телевизијата Џемал Шабиќ и уредничката Амра Брзина-Заклан.

Дејството на филмот се одвива околу познатата феминистичка панк рок-група од Москва, позната по провокативните настапи кои често предизвикуваат скандали.

„Во филмот неколку пати се прикажува порнофилм на една од членките на ова група. Во спорниот филм се појавува дури и бремена жена во сцена на групен секс“, пишува „Дневни аваз“.

„Со самото тоа што се работи за јавен сервис што го плаќаат граѓаните, овој дегутантен потег на директорот и уредникот на оваа телевизија станува уште поскандалозен“, посочува весникот при тоа додавајќи дека ваквата програма би можела да ги истрауматизира малолетниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top