| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт: Бекер му забива нож во грбот на Ѓоковиќ?

djokovic-beker

Доскорешниот тренер на Ѓоковиќ Борис Бекер, можно е да премине во штабот на Роџер Федерер, пренесува швајцарски Дер Бунд.

Сепак, овој медиум повеќе конструира што би било кога Германецот би направил таков потег, па е малку веројатно дека би дошло до таква рокада.

„Србинот се уште е најголемата пречка на Федерер до патот до гренслем пехар. Зарем не би било одлично кога најмладиот победник на Вимблдон не би му помогнал на Федерер да стане најстариот играч кој ќе го подигне лондонскиот трофеј? Како Стефан Едберг, Бекер, исто така е еден од идолите на Федерер. Тој има огромно искуство кое може да го подели, кое може да му послужи како инспирација на Роже. Германецот му помогна на Ѓоковиќ да стигне од 6 до 12 гренслем титули, а три од нив ги освои победувајќи го Роже во финалето“, се наведува во текстот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top