Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, синоќа го гледал финалето на Евросонг и овој фестивал го нарече настан која ја обединува Европа и додаде дека му е драго што поранешните југословенски републики гласаат една за друга.
– Наместо старата Југославија денес имаме независни држави, коишто по една деценија војна секогаш гласаат една за друга на Евровизија. Тоа е забавно – изјавил Билт, пренесува Хафингтон пост.
Откако оваа година ниедна поранешна југословенска република не се пласираше во финале, гласовите на повеќето независни републики отидоа за Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


