| четврток, 6 декември 2018 |

Симон Трпчевски се поклони пред Благоја Милевски

Македонскиот фудбал дефинитивно не памети кога една наша личност со огромни овации е дочекана на бината при доделувањето на признанието за најдобрите во изминатата година. Но, сето тоа и затоа што немаше со што многу да се пофалиме во минатото…

Затоа оваа година селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски со овации од присутните во Македонскиот народен театар го доби признанието најдобар во 2016 година за историскиот резултат кој му го подари на македонскиот фудбал. Милевски признанието го доби од најголемиот македонски уметник, пак, во нашата историја, маестро Симон Трпчески кој, овој пат се поклона пред „сер Боби“…

Зa мене е огромна чест да го предадам признанието на личноста која ни го донесе тој огромен фудбалски успех, Благоја Милевски“ – рече Симон Трпчески, поклоновувајќи се пред Милевски.

„Не, ако некој треба да се поклони пред некого тоа сигурно сум јас. Не можам да ги сокријам емоциите кога ќе добиете едно вакво признание од величина како што е маестро Симон“ – рече македонскиот селектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top