| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓани од цела Македонија се упатуваат кон Скопје: Победата не ја даваме! (ФОТО)

Во секој момент расте бројот на граѓани пред Државната изборна комисија. Од минута во минута се повеќе луѓе со собираат во поддршка на изборниот резултат. Колони возила со револтирани граѓани од Велес, Куманово и Прилеп се упатени кон Скопје. Граѓаните бараат ДИК да не прави циркус преку кој се обидува да ја протурка идејата на СДСМ и Беса за поништување на изборниот процес и да ги отфрли неоснованите приговори и да го потврди изборниот резултат.

dik-1

Голем број на граѓани спонтано започнаа да се собираат пред ДИК откако комисијата преку правен преседан започна со реализација на сценариото за кражба на изборите од страна на СДСМ и БЕСА, кои со приговори во чисто албански средини сакаат да ја украдат волјата на мнозинството македонски гласачи.

dik-2

Надвор од Изборниот закон, ДИК презеде улога и за прв пат побара вештачење, кое е истражна мерка што им стои на располагање на органите на истрагата, каков што не е ДИК.

Денешниот преседан на ДИК во пракса значи дека во иднина секој што излегол да гласа може да се потпише во избирачкиот список различно од потписот во личната карта и тоа да стане основа за масовни оспорувања на избирачкиот процес, кој ќе биде блокиран преку илјадници барања за вештачења. Споменатата жена Фатиме Сулејмани имала трага и на прстот и личната карта и фотографијата се поклопувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top