Преку правен преседан во Државната изборна комисија (ДИК), започна реализација на сценариото за кражба на изборите од страна на СДСМ и БЕСА, кои со приговори во чисто албански средини сакаат да ја украдата волјата на мнозинството македонски гласачи.
Надвор од Изборниот закон, ДИК презеде улога и за прв пат побара вештачење, кое е истражна мерка што им стои на располагање на органите на истрагата, каков што не е ДИК.
Членот на ДИК, Сашо Срцев по продолжението на седницата на ДИК исто како и дел од неговите колеги реагираше на начинот на која Фатиме Сулејмани била донесена во ДИК, односно без нивно барање туку од страна на претставник на СДСМ, тоа според него покажува дека случајот е претходно подготвуван.
– Начинот на кој беше повикана Фатиме Сулејмани не ми е јасен затоа што кој и кога ја повика и врз основа на која одлука таа дојде овде. Ова е спремна работа однапред, рече Срцев во дебата за понатамошната постапка во случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


