Претставниците на СДСМ крајно вулгарно, постојано вршат притисоци врз повиканите членови на Избирачкиот одбор.
Седницата на Државната изборна комисија (ДИК) на која се одлучува за приговорите поднесени од СДСМ и БЕСА, членовите на најголемата македонска опозициска партија, Виолета Дума и Игор Милев, како и членови на правниот тим на СДСМ ја претворија во невидена фарса.
Претставниците на СДСМ крајно вулгарно, постојано вршат притисоци врз повиканите членови на Избирачкиот одбор.
Тие се иживуваат врз членови на Избирачкиот одбор и донесоа постара Албанка на која прашања и поставува адвокатот од СДСМ, иако БЕСА е подносител на приговорот.
Во моментот кога се појави застапникот на БЕСА, истиот најпрво кажа дека жената која е присутна на седницата дошла заедно со претставникот на БЕСА, кој потоа рече дека не дошле заедно, туку му е комшика. Претставникот на правниот тим на СДСМ, вршеше директен притисок врз жената и покрај тоа што се одлучуваше за приговорот на БЕСА.
Веќе не се знае кој е претставник на СДСМ, а кој на БЕСА. Седницата се претвори во тотален циркус, иако официјализирањето на волјата на народот искажана на неделните избори зависи токму од одлуките на ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)