| четврток, 6 декември 2018 |

Бонева: Јавноста има право да го види потписот на Фатиме

Членот на ДИК, Силвана Бонева побара пет минути пауза на седницата пред носење на одлуката за тоа дали треба графолошки техничар да утврди кој се потпишал на избирачкиот список на името на Фатиме Сулејмани во Гостивар.

Таа претходно побара и јавноста да ги види потписите на личната карта и на избирачкиот спиок, кои според неа се совпаѓаат и покажуваат дека не и било спречено правото на глас туку дека жената го искористила своето гласачко право.

Фатиме Сулејмани иако не повикана од членовите на ДИК од претставникот на СДСМ беше донесена на седницата и тврдеше дека не го искористила своето право. Бонева реагираше и на обидот на претставникот на ДИК да се меша во приговор кој не е поднесен од нивна страна и побара отстранување на претставникот на политичката партија СДСМ.

Приговор за гласачкото место 0396/1 поднесе движењето Беса. Ова е осмиот нивни приговор, а останатите седум веќе беа одбиени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top