Многубројни се книгите за самопомош, животни лекции и останати „институции“ кои даваат голем број на совети како да ја кренете самодовербата, да делувате точно односно да ја тренирате сопствената моќ. Но што за сето ова вели науката?
Психолозите докажаа дека е доволна едноставна стратегија која дури не треба ниту да се вежба, не бара одрекувања ниту ве присилува да бидете лоши кон другите.
Техниката која ја развиле докторите на науки Гевин Килдаф и Адам Галински се базира на тоа да се потсетите на моментите кога сте се чувствувале мони, а нивниот пристап и научно е докажан. Истражувачите ги поделила испитаниците во три групи – едната требало да се присети на ситуациите во кои другите ја имале моќта врз нив, другата требало да се присети на ситуациите во кои влијаеле врз другите, додека контролната група треба само да го опише последниот шопинг.
отоа ги споиле и им дале задача да одглумат сценарио за преживување на Арктик. Потоа требале меѓусебно да се оценат, проценат кој имал и колкаво влијание врз групата и слично. За два дена повторно се собрале и добиле нова задача – да смислат организација за зачувување на животната средина. Во двете ситуации со групите раководеле оние кои се потсетувале на моментите кога се чувствувале моќни.
Заклучок: Кога сакате да остварите нешто најважно е како ќе се поставите, не треба да сте себични но треба да емитирате сигурност и самодоверба, ете толку е едноставно! Никој нема да ви одолее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.