| четврток, 6 декември 2018 |

Фатална љубов: Тенка линија меѓу страста и зависноста

Фаталната љубов е таа што ја паметиме цел живот, тоа е како сцена на филмско платно што ни го одзема здивот, но и таа што може да ни го загорчи животот. Повеќе од 80 отсто луѓе сметаа дека искусиле барем една фатална љубов во животот, а тој однос најчесто се опишува на начин – „љубов што боли“.

Уште од самиот почеток на врската доминира страсна физичка привлечност, но поради страста луѓето губат контрола над своите емоции. Поради тоа многу ќе кажат дека во такви односи „ја загубиле главата“ и дека правеле во врската нешто што, инаку, не би го направиле.

fatal atraksn

Корените се во детството

Во човечката психологија е тоа дека што поголем предизвикот, тоа  ни носи по интензивни чувства, што и не значи дека тие чувства се вистински.Така во таканаречената фатална љубов најчесто се работи за двајца партнери, кои, всушност, и не се компитабилни, но се уверени дека тоа што го чувствуваат е вредно за болката што се чувствува, за упорноста и за трудот. Психолозите објаснуваат дека, всушност, се работи за преземање на љубовни улоги од нашите родители од нивниот брак, така да луѓето потсвесно мислат дека можат да исправат нешто, да докажат дека љубовта е посилна од сè или просто да го задоволат своето его и несигурноста во себе како би докажале дека се вредни поради нив некој да се промени. Секако тоа подразбира дека фаталниот љубовник ќе стане идеален љубовник доколку се промени.

Jealous man  arguing with his wife

Секоја расправија создава болка во желудникот

Психолозите фаталната љубов ја опишуваат како нешто што е негативно за психата, но секогаш содржи елементи од драма, напнатост, страв, возбудување и болка.

Да се биде упорен во нешто што не оди, е чиста зависност

Никој не е имун на грешки во животот, па така и никој не е имун во  одржувањето на лоши врски. Но, сепак, едно е да се биде во лоша врска и таа да заврши, а друго е да не знаеш како да ја прекинеш или упорно да ја повторуваш грешката и да одбираш погрешни партнери.

KissingSexyCouple

Треба да се знае кога да се каже доста

Во љубовните врски, расправиите може да станат поприлично напорни, но доколку навистина се сакате, не би требало да се откажете, но би требало да знаете, ако не чувствувате мир, стабилност, рамнотежа и пријателство со оној со кој би требало да го делите животот, тоа не може да има среќен крај.

Сепак не е се така црно, фаталната љубов се смета за важен дел од емоционалното созревање, истануваат психолозите. Од тие односи се учат животни лекции, а тоа дека  страста често ја мешаме со љубовта, дека  само чувствата не се доволни за нешто да успее и дека тоа што ни предизвикува немир не е добро за нас. Затоа најдобро што можете да направите е доколку сте имале таква фатална љубов, спакувајте ја во сеќавањата заедно со убавите и лошите моменти како спомен од деновите на вашата наивна вљубеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top