| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето што се радуваат на подароци и украсување елка се посреќни

Американските психолози и психијатри имаат одлични вести за оние кои уживаат во украсувањето на домот по повод новогодишните и божиќните празници.

Имено, резултатите од нивното истражување покажаа дека овие личности се многу среќни, затоа што таквите моменти ги потсетуваат на детството. Психолозите тврдат дека вадењето на кутиите со божиќните украси и лампиони го буди “детете” кај луѓето. Во светот во кој преовладува стрес и анксиозност, луѓето сакаат да се поврзат со работи кои ги прават среќни, но и кои истовремено ги враќаат во детството. Истражувачите објаснуваат дека божиќните украси ги будат емоциите кои ги сме ги доживувале како деца, на пример, кога под новогодишната елка децата наоѓале подароци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top