Структурите кои Оливер Спасовски ги инсталираше по неговото доаѓање на должност како технички министер за внатрешни работи, се далеку од професионалци. Тие практично имаа улога да одработат и да бидат на страната на оние кои што се вклучени во криминални активности и за тоа постојат сериозни индикации, за кои постојат основани сомневања, рече во гостувањето на вестите на Сител директорот на БЈБ, Митко Чавков.
За конкретниот случај со кумановскиот началник, продолжи Чавков, морам да ја известам македонската јавност дека не станува збор за акција на Министерството за внатрешни работи ниту пак министерот за внатрешни работи имал намера да спроведе акција со 4-ца инспектори и со 6 униформирани полициски службеници.
-Тоа беше едноставно наредба од судија на претходна постапка за преземање на процесно дејствие, претрес во дом. Бидејќи постоеја сериозни и основани сомневања дека лицето било вклучено во одредени криминални активности. Тој е дел од овие кадри кои што беа на страна на криминалните структури, заклучи Чавков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)