Владата денеска објави конкурс за доделување стипендии на лица кои ќе успеат да се запишат на докторски студии на еден од 100-те најреномирани универзитети по општествени науки или на еден од 200-те најреномирани универзитети по технички науки.
Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓеорѓиев, конкурсот ќе трае до крајот на годината.
– Докторските студии треба да бидат до максимум 4 години по што лицето ќе има обврска да се врати во земјава и да работи во својата област најмалку две години за секоја за која добил стипендија -рече Ѓеорѓиев.
Владата идната недела ќе распише уште два огласа, за стипендирање студенти кои ќе се запишат на Економскиот факултет во Прилеп, на специјализираната програма што се спроведува со Универзитетот Френклин од Охајо, САД, како и за кофинансирање магистранти на Универзитетот Шефилд од Велика Британија во Солун.
Портпаролот напомена дека нема ограничувања на бројот на студенти и стипендии, ниту на висината на поддршката независно за колкава сума станува збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија
-
Објавен Конкурсот за стипендии за студирање на 100-те најдобри универзитети во светот