| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими: Приговорите на Беса се апсолутно беспредметни

ibraimi2-640x520

Јас сум правник и работам строго по закон, а овие приговори се апсолутно беспредметни. Законот и правилниците ни го велат тоа, изјави Бедредин Ибраими, на денешната седница на ДИК, по однос на приговорите од паријата Беса.

– Нека знаат јасно сите граѓани дека Државната изборна комисија ниту дели ниту одзема мандати, ДИК ја контролира законитоста на спроведените избори и во случајов законитото одлучување по одредени приговори. Приговорите на господата од политичката партија Беса навистина немаат никаква потреба, ниту пак простор толку долго да се дебатира – рече Ибраими.

ibraimi-640x297

Тој додаде дека законот мора да се почитува, во спротивно настанува хаос.

– Во оваа држава, како и во сите нормални држави, треба да се почитуваат закони и одредени подзаконски акти. Законите определуваат одредени прави, обврски и одговорности. Законите и подзаконските акти утврдуваат процедури и таму каде што не се почитува закон, без разлика каков и да е, дали е добар или лош – закон е и треба да се применува, настанува хаос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top