По паузата што ја даде претседатеот на ДИК за да се смират страстите на членовите кои ги вознемирија три неважечки ливчиња во избирачкото место 2340 во селото Грушино и барањето на Милев да се отвори гласачката кутија и да се пребројуваат ливчињата вона седницата на ДИК, ДИК не го прифати и третиот приговор поднесен од Беса.
Приговорот на Беса беше поднесен за гласачкиот процес во избирачкото место 2340 во селото Грушино, во општина Арачиново, во ИЕ 2. Приговорот е за вршење притисок од неовластени лица и агитирање внатре и надвор, групно и фамилијарно гласање, намерно не е ставен печат на ливчињата за да бидат прогласени за неважечки, притисок врз набљудувачите на Беса и непочитување на нивните забелешки да бидат внесени во записникот 16.
Со 7 гласа „против“ и само 2 гласа од СДСМ „за“ ДИК го отфрли приговорот на Беса со образложение дека е неоснован, бидејќи не постојат докази, цврсти аргументи дека навистина треба да се отвори гласачкиот материјал. Повторно, како и за претходните два приговори позитивно гласаа само членовите на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами го потсетува Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на нивните барања
-
Движење БЕСА на Билал Касами: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет