Европскиот првак Реал Мадрид се пласира во финалето на Светското клупско првенство што се одржува во Јапонија, откако во полуфиналниот дуел го совлада мексиканскиот тим Клуб Америка со 2-0. Карим Бензема пред самиот крај на првото полувреме го отвори резултатот во корист на „кралскиот клуб“, а во судиското продолжение од мечот Кристијано Роналдо ја потврди победата.
Во финалето кое се игра во недела од 11.30 часот, Реал Мадрид ќе ги одмери силите со јапонскиот клуб Кашима, кој во првото полуфинале со 3-0 го совлада Атлетико Насионал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)