| четврток, 6 декември 2018 |

Морбидно: Три девојки силувале фудбалер со ножици

devojki

Британките Броџен Гиљар, Шенон Џејмс и Пејџ Канингам признале дека сексуално злоставувале 20- годишен фудбалер. Медиумите на Островот јавуваат дека на овие девојки им се заканува повеќегодишна затворска казна откако истрагата покажа дека сексуално злоставувале фудбалер, танцувале околу него додека била во полусвесна состојба и на неговото тело сечеле зеленчук.

Девојките признаа дека го сретнале фудбалерот во текот на едно излегување во ноќен клуб. Една од нив го повикала фудбалерот во својот стан, а потоа го опиле. Тие потоа се соблекле пред фудбалерот, кој бил во полусвесна состојба, а потоа го силувале со ножици.

Со истите ножици му ја исекле косата, а потоа танцувале околу него и сечеле зеленчук по неговото тело.

Сето тоа го снимиле со камера, а видео снимката е достапна во судот како главен доказ на обвинителството.

Пресудата треба да се донесе во јануари идната година, а Гиљард (26), Канингам (22) и Џонс (20) веќе се впишани во листата на сексуални престапници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top