| четврток, 6 декември 2018 |

Какви сте кога сте сингл?

Девиците одлично ја поднесуваат осаменоста, близнаците, пак, едвај чекаат да шараат со очите и тоа без грижа на совест, а терезиите кога немаат партнер покрај себе, уживаат во романтични филмови

summer-girl-brunette-beach-sun-sand-rock-600x400-600x400

Овен
Жените од овој знак не се согласуваат на компромис, тие со поголемо задоволство би ја чекале својата премија. Доколку паднат во голем емотивен очај, се насочуваат кон спорт или работа, затоа што не сакаат да си признаат дека не можат сами. Всушност, вистината е дека можат да бидат сами, но поубаво им е кога се со некого.

Бик
Доколку подолго време остане сама, девојката бик станува многу тешка. Таа има потреба најмалку од минлива симпатија која ќе може да ја обвинува за својата очајна сосотојба, но воедно во деновите на среќа ќе и дава причина секое утро насмеана да го напушта креветот. Дека е во криза, може да се забележи кога ќе почне да јаде брза храна. Таа сака да готви исклучиво за двајца.

Близнаци
Таа убива со еден удар две муви. На премиери, забави или во фитнес-клубови се забавува, а истовремено лови и ново лице. Жените од овој знак важат за мајсторки на флертот, па додека се сами, не е чудно од забава да се вратат со неколку телефонски броеви.

Рак
Девојките претставнички на овој знак се романтични души. Кога имаат недостаток на љубов, се затвораат во тврдината на пријателите или семејството и трпеливо го чекаат принцот на бел коњ. Во моменти на криза читаат љубовни романи и посегнуваат по колачиња.

Лав
Поради психофизичкото здравје на лавиците им е потребна секојдневна порција со комплименти и ласкања. Внимателно се дотеруваат, одат на третмани и обожаваат да излегуваат.

Девица
Девиците прилично добро ја поднесуваат самотијата. Тие се препуштаат на своето хоби и работата. Но, имаат и свој вентил, натрупаното незадоволство го искажуваат на кафе со пријателките кога го озборуваат машкиот род.

Терезија
За терезијата осаменоста е многу трагичен период, затоа што таа чувствува дека треба да биде во среќна двојка. Воздивнува пред телевизорот, гледа романтични филмови, го сонува колегата од работа и своите осамени денови ги смета за изгубено време. Секогаш средена излегува на видни места, очекувајќи да се случи нешто судбоносно.

Скорпија
Само кога би била на тешки маки, би признала дека нешто и недостига. Во најдобар случај од состојбата во која е сама дама ќе направи шега, но потребни и се емотивна поддршка и секс. Со часови чита интимни рубрики и напамет ги учи сцените од филмот “Девет и пол недели”.

Стрелец
Претставничките на овој знак се разиграни индивидуалки, кои нема да дозволат пропаднатата врска да им го расипе расположението. Тие се најсклони кон преболување на распадната врска со некој од машките пријатели, затоа што често ја заменуваат љубовта со пријателство и пријателството со љубов. Во моментите на слабост се насочуваат кон хороскопот, гатањето, религијата и медитацијата, со цел да го откријат новиот избраник.

Јарец
Во деновите кога јарците се сами, се посветуваат на работата и имаат прекрасни амбиции. Не се вљубуваат по секоја цена, на врат – на нос и доколку имаат длабоки емоции, не ги откриваат никому. Кога бираат партнер, обично се одлучуваат за мажи послаби од нив.

Водолија
Водолијата нема време да размислува за несреќната љубов или за самотијата. Опкружена е со многу пријатели, кои и плачат на рамото, ја носат по концерти, журки и слично.

Риби
Рибата плива од една крајност во друга. Лесно може да падне во депресија, да се мачи со црни мисли дека до смртта ќе остане стара мома, но исто така може и да се соживее со улогата на заспана убавица, па со широка насмевка да го одбие принцот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top