| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за силување во Скопје: Ја заклучил во комбе и не ја пуштал цела ноќ

Во полициската станица во Гази Баба завчера, М.П. од Скопје пријавила обид за силување на нејзината малолетна ќерка Ј.П. Исчезнувањето на девојчето во полициска станица било пријавено на 10.11.2017 година од страна на таткото на девојчето. По примената пријава од страна на полициски службеници преземни се мерки за расчистување на случајот.

При разговор со малолетното девојче, полицијата открила дека поради семејна расправија, девојчето побарало од 24-годишно лице да преноќи кај него. Лицето ја сместил Ј.П. во неисправно комбе во неговиот дом, каде што се обидел да има сексуален однос со неа, па откако Ј.П. се спротиставила ѝ го одзел мобилниот телефон и цела ноќ ја држел во комбето.

Наредниот ден малолетничката сама се јавила кај своите родители да дојдат по неа. Во разговорот со полицијата, Ј.П. изјавила дека немала сексуален однос со лицето кај кое преноќило, а истото го потврдил и 24-годишникот.

Направено е и медицинско вештачење. По извршените разговори од страна на ЈО дадени се насоки да се поднесе кривична пријава за “полов напад врз малолетно лице без сексуален однос“ по редовна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top