Несериозно е на ваков начин да се злоупотребуваат граѓани и активисти на партии, да даваат изјави на нотар после неколку дена од изборите. Тоа е несериозно и незаконски, смета Субхи Јакуп Јакупи член на ДИК.
Имено, изјавата е заведена на нотар, на ден 15.12.2016 и при тоа, нотарот само ставил печат, а не потпис, истото потврдува за нерегуларноста на издавање на истиот по однос на забелешка за изборите.
– Самиот бил таму и сега некој го натерал некој да даде изјава. Тоа е кривично дело. Неозбилно е да се злоупотребуваат тие граѓани и активисти. Има ден на избори, има 48 часа, имаше време да се реагира е не денеска на 15.12. 2016. Јас не знам ни нотарот како го завел тоа, рече Јакупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот