| четврток, 6 декември 2018 |

Филковски бил обвинет за поседување на дрога – нови детали за двојното убиство во Перт

Иако првите претпоставки за драмата која се одвиваше пред неколку дена во Гиравејн, предградието во Перт, каде пред неколку дена беа убиени Македонец и Македонка, беа дека мотивот е љубомора,  последните информации во австралиските медиуми се дека убиениот 37 годишен Сашо Филковски на трагичниот ден требало да се појави на суд под обвинение за дрога.

Засега за двојното убиство е обвинет само 36 годишниот Никола Ник Стоевски, сопруг на втората жртва Венеса Фарчиќ. Според полицијата најпрво бил убиен Сашо Филковски, пријател од младоста на Стоески, а еден час потоа тој си ја убил и 31 годишната сопруга Венеса, која живеела на стотина метри од куќата на Сашо. Венеса и Сашо исто така биле пријатели.

На Стоески истражниот судија му одреди притвор, а судењето е закажано за 29 мај. За време на краткиот распит пред истражниот судија присутвувале и двајца мажи и една жена кои судницата ја напуштија веднаш откако Стоески беше спроведен во притвор. Новинарите не успеале да дознаат дали се работи за негови роднини или пријатели или пак роднини или пријатели не некој од жртвите. Надвор од судницата никој од нив не даде никаква изјава,пишуваат австралиските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top