Државната изборна комисија го одби забелешкитте на Беса кои се однесуваа за изборниот процес во Арачиново. ДИК констатира дека нема докази освен изјава на нотар, која е дадена денеска и не содржи потпис на нотарот, туку само нотарски печат.
При образложението на приговорот на претставникот од БЕСА тој рече „не ни дале да ставиме забелешки“. Ако некој не му дал имаат право тоа да го побараат пред општинската изборна комисија после 19 часот, а тој потврди дека тоа не го направиле. Директно доаѓа до ДИК. Во овој приговор, јас не гледам никаков доказ дека се направени тие повреди кои ги наведува претставникот на подносителот на приговорот, вели Бедредин Ибраими членот на ДИК од ДПА во врска со приговорот на БЕСА поднесен за избирачкото место 2333/1 во Арачиново.
– Во овој приговор за мене е само пишување и укажување дека е сторена некаква повреда, а нема приложено никаков доказ. По мене тој приговор е неоснован, вели членот на ДИК.
Ибраими додаде дека и во прилог на приговорот членовите на ДИК ја немаат заверената изјава од нотар за која говорел претставникот од БЕСА.
– Не значи дека било која изјава заверена на нотар е доказ. Изјави може било кој во било кое време да обезбеди. За мене тоа не е доказ, ако нема други опипливи докази за денот на гласањето во одреденото гласачко место, додава Ибраими.
Мнозинството членови на ДИК се согласија дека за приговорот на БЕСА нема докази кои го потврдуваат тврдењето на политичката партија за наводни изборни нерегуларности.
Неоснованите приговори на БЕСА се отфрлаат. Правните аргументи на кои се повикуваат седуммина од 9-те членови на ДИК се дека ниту членовите на избирачкиот одбор, ниту некој од набљудувачите регистрирал било какво нарушување на изборниот процес и не се знаведени никакви забелешки во записниците.
Со тоа излегува на виделина изборниот инженеринг кој СДСМ и БЕСА сакаат да го реализираат откако сценаристите извршиле пресметка каде би можеле да бидат испратени дополнителни контингенти албански гласови на контото на СДСМ и БЕСА за да се изигра волјата на мнозинството Македонци.
Единствено двајцата членови на СДСМ гласаат за незаконските приговори на БЕСА, со што отвораат простор за натамошно испитување на сомнежите дека истите ја злоупотребуваат службената положба и овластувањата кои ги имаат, дело кое согласно закон е казниво со над 5 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот