| четврток, 6 декември 2018 |

Турско МНР: Прва цел е болните и повредените од Алепо да се хоспитализираат во Сирија и Турција

tursko

Прва цел на евакуацијата во источниот дел на Алепо е болните и повредените да се пренесат во болница во Сирија и Турција, изјави денеска портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хусеин Муфтуоглу.

Тој на прес-конференција истакна дека е потребно евакуираните итно да бидат сместени во кампови, додавајќи дека продолжува изградата на бегалски кампови во Сирија.

Муфтуоглу потврди дека Турција е поготвена да прифати повредени лица од Алепо, но сака бегалците да бидат прифатени на безбедни места на сириска територија.

Портпаролот истакна дека Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад е главниот виновник за смртта на околу илјада цивили во последните два месеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top