Иако седницата на ДИК, на која ќе се разгледуваат приговорите на СДСМ и Беса беше закажана за 11 часот, се уште не е започната бидејќи членовите на ДИК не можат да се договорат за дневниот ред.
Чичаковски побара пауза, која е во тек, бидејќи не е присутен претставникот на Беса. Од службите велат дека бил уредно известен електронски, а била информирана и партијата.
Седницата теба да продолжи за десетина минути.
По паузата, за која се очекува да пристигне претставникот на Беса, ќе се разгледуваат приговорите на Беса, а потоа од СДСМ, односно предоследно како што се примени жалбите.
Државната изборна комисија одржува седница на која се одлучува за осумте приговори на Коалицијата предводена од СДСМ и уште осум приговори од БЕСА.
Дел од приговорите се однесуваат на избирачките места, а дел од приговорите на СДСМ се однесуваат и на изборните резултати.
ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)