| четврток, 6 декември 2018 |

Вредноста на доларот на највисоко ниво во последните 14 години

dollars-426026_960_720

Вредноста на доларот достигна највисоко ниво во изминативе 14 години во однос на поголемите светски валути откако американските Федерални резерви ја зголемија клучната каматна стапка за четвртина процентен поен, што е за првпат во изминатава една година.

Еврото падна за 1,2 насто во однос на доларот и чини 1,049, што е најмалку од средината на март. Инаку, зголемувањето на референтната каматна стапка, според оценката на претседателката на Федералните резерви Џенет Јелен, претставува „глас на доверба“ во солидноста на американското стопанство. Економистите очекуваат во текот на идната година да има три зголемувања на каматната стапка.

Статистиката покажува дека вредноста на доларот е 40 проценти над дното во 2011 година.

Економист пишува дека во трите недели по победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД, доларот забележа еден од најострите растови во однос на останатите светски валути.

Јуанот достигна најниска вредност во однос на доларот од 2008 година, поради што банкарските власти во Кина размислуваат за построги ограничувања врз странските преземања на домашните компании, за да се ограничи притисокот.

Валутата на Индија, која се соочува со внатрешни проблеми, исто така, достигна рекордно ниско ниво во однос на доларот, а воедно и другите азиски валути се спуштија до нивоа невидени од финансиската криза во 1997-98 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top