Американската полиција запленила 20 милиони долари кои ги откриле сокриени во кревет, поточно под душек во стан во сојузната држава Масачусец, јави ББС.
Парите најверојатно се поврзани со милијарда долари вредната понзиева шема во која е вклучена компанијата ТелексФри која нудела телефонски и интернет услуги. Полицијата парите ги открила пратејќи двајца Бразилци за кои се сомневале дека се вмешани во измамата.
Тужителите објавиле дека сега веќе избришаната фирма измамила скоро милион луѓе низ светот и тоа за околу милијарда долари. Тие на Твитер ја објавиле фотографијата од неверојатната количина на кеш кој бил откриен во станот на 28-годишниот Клебер Рене Ризера.
Тој е сега уапсен и обвинет за здружување со цел перење на пари, а судијата му одредил притвор без можност за кауција. Полицијата вели дека тој бил дел од вограна екипа која парите ги перела и ги праќала во Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.