| четврток, 6 декември 2018 |

Се држи најдобро што може – проговори таткото на Анџелина Џоли

goli

Актерот Џон Војт, таткото на Анџелина Џоли, им се радува на празниците кои ќе ги прослави со ќерката и нејзините деца.

– Таа е добро, се држи најдобро што може по разводот од Бред Пит. Не можам да дочекам да се дружам со внуците за Божик и да ја видам ќерката – рекол актерот.

Џон открил дека со своите внуци, како и со остатокот на семејството, веќе се подготвува за празниците.

– Со децата во Њујорк секогаш одам на некоја претстава, па ќе им купам карти за онаа која им се допадна – рекол Џон Војт и додал дека му е тешко за време на празниците да го посети семејството и да организира патувања бидејќи има многу членови што сака да ги види.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top