Како што наведуваат англиските медиуми екипата на Челси е спремна да го продаде Фернандо Торес и со тоа да обезбеди дел од средствата наменети за купување на нови играчи.
Се очекува Жозе Мурињо да го преземе кормилото на тимот од Лондон кој доставил барање по секоја цена да се доведе напаѓачот на Наполи Едисон Кавани.
Сепак од управата на тимот навеле дека нема лесно да се одречат од Торес и секако ќе ги разгледаат најдобрите понуди на него.
Фернандо Торес беше доведен од екипата на Ливерпул во јануари 2011 година и за него платија 50 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Абрамович ќе ги продаде најголемите ѕвезди, од Челзи си заминуваат дури девет играчи!?
-
Челзи нема да крене раце: Стравот од бројните понуди, ги натера „Плавите“ да подготват нов договор
-
Сака да го смени Лестер за Челси: Дринквотер поднел барање за трансфер
-
Конте открива колку килограми губи на секој натпревар (ВИДЕО)