Речиси половина милион деца во североисточна Нигерија следната година ќе се соочат со умирање од глад, а 80.000 ќе починат од глад доколку не им се помогне во хуманитарната криза која ја предизвика Исламистичката група Боко Харам, предупреди Уницеф. „Она што сега е криза, може набргу да се претвори во катастрофа“, изјави извршниот директор на Уницеф Ентони Лејк.
Во соопштението е наведено дека 400.000 деца се во опасност да починат од глад и дека тие се само дел од 2.6 милиони бегалци кои страдааат поради седумгодишните немири во кои животот го загубија 20.000 лица. Од Уницеф предупредуваат дека доколку хитно не се преземе нешто многу деца ќе починат. Исто така тие напоменуваат дека многу делови во Нигерија се непристапни и едноставно таму е невозможно да се испрати хуманитарна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.