| четврток, 6 декември 2018 |

Замена за Даниел Стариџ: Ориги има две понуди, но Клоп не го дава

Две нови понуди во изминатите неколку дена, добил белгискиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Дивок Ориги.

Поранешниот напаѓач на Лил, е желба на раководните лица на шпанскиот гигант Атлетико (М) и на челниците на францускиот прволигаш Монако. Ориги е моментално проценет на околу 25 мил. евра, но тешко дека ќе ја добие потребната дозвола за промена на клупската средина.

Предводникот на “црвените”, Јирген Клоп, пак сака да го задржи Ориги на “Емфилд”, како замена за Даниел Стариџ, кој сигурно ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top