| четврток, 6 декември 2018 |

Како се произведува биогас од кактуси? (видео)

Во Мексико се произведува биогас од кактуси. Фармата произведува кактус, кои потоа се преработува во градот Ситакуаро, во државата Мичоакан.

Кактусите се мешаат со ѓубриво и се оставаат да се распаѓаат, за да се произведе метан. Дневно овде се произведува 8 тони биогас.

biogas-660x330

Идејата за ова производство на зелена енергија е на сопственикот на компанијата за тортилји Рохелио Лопез, кој го користи кактусот за арома на производите и да ги направи повеќе хранливи.

Лопез добил и финансиска помош од владата за производство на “зелен” гас и ги инвестирал во опрема.

Пратениците во Мексико усвоија закон, според кој до 2024 година 35 отсто од енергијата во земјата треба да биде од зелените централи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top