Сѐ она што не би требало да постои во 21. век, во Алепо, Сирија, каде што се случува вистински пекол, постои и се случува. Тоа е предолго дури и за колевката на цивилизацијата, пишува новинарот Зоран Мариновиќ, соработник на хрватскиот весник „Јутарњи лист“, кој објавува репортажа за она што се случува во Алепо.
Неколкумина новинари кои се сместени во хотелот „Шахба“ со поглед на барикади и вреќи со песок ги бројат детонациите. Од три часот наутро секоја минута се слушаат по три детонации. Веќе ги препознаваат дали се тоа авиони, тенкови, топови, рачни фрлачи…
Викендот бил потивок. Веројатно Москва и Вашингтон се обидувале да договорат коридор. Или примирје. Или договор. Или предавство. Се обидувале да договорат што било. Само да престане. А не само што не престанало, туку денот може да влезе во најмрачното цивилизациско наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)