Министерството за внатрешни работи информира дека акцијата во која е извршен претрес на домот на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ се одвивала по наредба на судија во претходна постапка и е организирана и спроведена од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на предистражната постапка, без информирање и планирање од страна на Министертвото за внатрешни работи.
„Министерството за внатрешни работи укажува дека сите вработени во овој државен орган треба да го задржат нивото на максимално професионално постапување и однесување со цел да се избегнат ситуации кои може да предизвикуваат дополнителни тензии и да наштетат на угледот на министерството“, се вели во соопштението од МВР.
Инаку, припадниците на специјалната полиција се повлекоа од домот на началникот на полицијата на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, откако претходно попладнето по налог на јавното обвинителство упаднале и извршиле претрес во домот на началникот, по реакција на граѓани тој не е приведен, но е одземена некаква документација.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека на 13.12.2016 година, во рамки на предистражна постапка што се води во ова обвинителство, извршен е претрес на дом на лицето С.В. во Куманово, соопштуваат од Обвинителството.
Наредбата за претрес на дом е издадена од страна на Судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
– Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Имајќи ги предвид информациите пласирани во медиумите во врска со преземеното дејствие, особено изнесените информации дека требало да се приведува лицето С.В., Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека преземените дејствија согласно издадената судска Наредба се само за претрес на дом, не и приведување на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?