| четврток, 6 декември 2018 |

Нема мир во Алепо, пропадна масовната евакуација на цивилите (Видео)

Aвтобусите кои беа подготвени денеска да евакуираат десетици илјади цивили и бунтовници си заминаа празни од сирискиот град Алепо. Договорот за примирје во Алепо што синоќа го постигнаа Русија и Турција, а требаше а стапи на сила утрово, не се испочитува.

Во меѓувреме од терен стигнуваат контрадикторни информации за ситуацијата на терен, а страните меѓусебно се обвинувааат за кршење на примирјето.

Сириската опсерватроија за човекови права потврди дека во Алепо беснеат жестоки судири, а државната телевизија јавува дека во ракетниот напад на деловитe на Алепо загинале најмалку седум лица и дека има и ранети.

Според Руското министерство за одбрана сириската војска ги обновила нападите на источниот дел на Алепо, со што бутовниците го прекршиле договорот за примирје.

Истовремено претставници на двете групи сириски бунтовници и еден функционер на ОН тврдат дека Иран вовел нови услови за примирје и договоорот на Русија и Турција за евакуација.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини сириската влада дека го прекршила договорот за примирје во Алепо, но истакна дека Турција прави напори за да воспостави коридор за евакуација на луѓето.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ги повика денеска Дамаск и Москва да направат се што е можно за да ги поштедат цивилите.

По повеќе од четири години во рацете на војската на Асад падна некогаш најнаселениот сириски град Алепо. Владините сили на Башар Асад веќе го контролираат целиот град, но во овој град се уше нема мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top