СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т. (52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за кривични дела „убиство во обид“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“, а судија во претходна постапка му одреди 30 дневен притвор.
Поднесена е кривична пријава и против Ц.М. (38) од село Лешани, општина Дебрца, кој е осомничен за „помагање“ во кривично дело „убиство во обид“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР) во редовниот Билтен.
Според МВР, завчера, во сендвичара во Охрид, Н.Т. од огнено оружје непозната марка испукал неколку куршуми кон И.А.(33) од Охрид, при што му нанел прострелни рани во пределот на двете нозе.
И.А. во контактибилна состојба бил пренесен во Специјална болница „Св. Еразмо“ Охрид, а Н.Т е пронајден и приведен во полициската станица Охрид
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.