Илија Несторовски, македонскиот голгетер кој блеска во дресот на Палермо, би можел да стане петтиот Македонец кој ќе заигра во елитата на англискиот фудбал, денес пишува италијанскиот медиум „Калчомеркато“. Претходно во Премиер лигата играа, Гоце Седлоски, Ѓорѓи Христов, Артим Шакири и Горан Попов.
За услугите на македонскиот репрезентативец заинтересирани се Вест Хем и Евертон, екипи кои оваа сезона имаат проблеми со напаѓачката линија, и токму во Несторовски го гледаат идеалното решение. Се шпекулира дека премиерлигашите веќе оваа зима ќе испратат официјални понуди, па сега Зампарини ќе биде пред уште едно искушение. Пред извесен период се спомнуваше за трансфер на Илија во Наполи, но тогаш ескпресно реагираше претседателот на Палермо, велејќи дека не ни помислува за трансфер на Несто-гол.
Од порано е познато дека за Несторовски се заинтересирани и Наполи и Севилја.
Несторовски оваа сезона игра одличен фудбал за Палермо и е најдобар стрелец на тимот со седум постигнати голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
Второ зимско засилување за Евертон, Тео Волкот се сели на „Гудисон парк“
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Ново засилување за Евертон: Турчинот Тосун се пресели на „Гудисон парк“