Иранското државно радио соопшти дека се егзекутирани двајца Иранци, осудени за шпионажа во корист на Израел и САД, пренесоа американските медиуми. Смртните казни се извршени со бесење.
Мохамад Хејдари е осуден за тоа дека за пари му предал класифицирана информација на израелското разузнавање Мосад, а Корош Ахмад за предавање на разузнавачки податоци за Иран на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА).
Иран редовно соопштува дека фатил лица, обвинети за шпионажа во корист на САД, Велика Британија и Израел. Техеран ги обвинува израелските и американските разузнавачки служби дека стојат зад атентатите, извршени во последните години врз ирански научници, кои се занимаваат со нуклеарни истражувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.