Роден на: 6 август 1980 година во Берово
Потекло: од лозата Чичаковци, местачи на избори
Плодна, но матна професионална биографија: Набљудување на претседателските избори во Украина 2007 и 2014 и во Грузија 2008. Од 2005 до 2009 правен консултант во „Мост“
Од првата минута кога е назначен за претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски работи во дослух со странските служби. Колку и да се измести тежината на синтагмата „странски служби“, место за подбив нема. Ситуацијата е доволно сложена што не дозволува да се тера мајтап ниту со сонот ниту со киднапирањето на независниот претседател на ДИК.
Единствено што е смешно во целата ситуација е резонот на Покемон Чичаковски и босовите дека кај народот, симболично изразен во речиси половина милион гласачи, колку што СДСМ првично изброја фантоми, мазно и лесно ќе помине лакрдијата што ја прикажуваат по изборите.
–Се обидовме да го добиеме преку телефон, скоро сите членови му вртевме и на двата телефонски броеви кои ги има, но тој не одговара. Се обидовме да го добиеме и преку неговата сопруга но таа ни вели дека тој воопшто не се појавил дома, вели член на ДИК.
Членови на ДИК велат дека постизборниот понеделник го разденил Чичаковски во лошо расположение. Нели, независен.
– Беше чудно што на сред работен ден замина да одмори, а и од утринава имаше многу чуден израз на лицето – како да се плашеше од нешто. Се плашиме дека некој го киднапирал за да не ги објави мандатите јавно, ако не контактира со нас наскоро, размислуваме случајот да го пријавиме во полиција, вели извор од ДИК.
„Заминал да спие“ – Милион и седумстотини гласачи чекаат резултати, а на Чичаковски му спие. Како во народнната со бабата и селото што гори, така Покемон Чичаковски задреман го изгореа роковите. Рокот пробиен, а Чичаковски немиен. Прво го немаше, а потоа доцнеше. На крајот го соопшти она што сите го знаеја, она што и самиот го знеше од ноќта – 51:49 мандати за ВМРО-ДПМНЕ.
Независниот фотоалбум на претседателот на ДИК
Спие или купува време: Скептиците така велат, жената не лаже – Покемон Чичаковски навистина не спиел дома. Заминал, велат, во некое предавничко дувло и таму чека да го најдат. А таму може дсамо еден да го најде – давеникот, кому Чичаковски му е последната сламка на спасот.
Ако бркаше покемони додека се броеја фантомите, сега тој се крие како покемон. На реткиот Покемон Чичаковски, кој носи најмногу поени, не му е првпат да го промаши домот. И другпат знаел така да фати кривина – демек дома, а тој в кафеана де со Ванхауте, де со Љупчо Николовски, де на сдсмовски протести. Главно, се движи по темни места и се дружи со сомнителни ликови, на кои во никој случај не им одговара победата на народот. Зашто народот кого се подготвуваат да го продадат, мора да биде обезвластен пред да биде натоварен во камионите, а не охрабрен и заштитен со легитимна власт.
Од друга страна, додека едните рокови се пробиваат, другите строго се запазуваат – босовите и Покемонот се потрудија навреме да бидат поднесени придоворите за изборниот процес – кој од кој побанален, но законот налага да биде разгледан. Златните пет минути на СДСМ му се потребни како очите, зашто само влакно во јајцето може да го спаси Заев од изневерените. Не е мала работа некому да му ветиш држава.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 224 број на неделникот „Република“, кој излезе од печат на 16 декември 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот