Јавноста била згрозена, а оттогаш не се памети толку грозоморен чин, особено поради фактот дека го има направено жена.
Дамнешната 1969-та година, во Босна и Херцеговина, која во тоа време била во состав на Југославија, се случило најгрозоморното убиство кое ја шокирало јавноста, а на извесна Шефка Хоџиќ и ја донело „титулата“ најмонструозна жена на овие простори.
Шефка Хоџиќ се смета и за една од најмонструозните жени на Балканот и сосема со право го носи епитетот. Приказната оди вака: 1969-та година, во близина на селото Јусиќи во Босна и Херцеговина, Шефка Хоџиќ се сретнала со својата другарка Алија Хасановиќ. Ја усмртила со три истрели од пиштол, ѝ го распорила стомакот и го извадила бебето кое Хасановиќ го носела. Телото го сокрила во сено, а бебето кое успејало да преживее го однела дома. Бебето не преживеало долго.
По пронаоѓањето на телото, истражните органи не знаеле од каде да ја почнат истрагата. На никого не му било јасно, кој би можел да изврши такво свирепо дело. Мистеријата ја решил Милан Вушиќ, доктор-патолог. Неговата констатација била дека злочинот го има извршено жена која нема родено и е желна за дете. Набргу потоа, инспекторите тропнале на врата на Шефка Хоџиќ, која непосредно пред тоа пријавила смрт на новородено бебе за кое тврдела дека е нејзино. Претходно со месеци глумела дека е трудна со тоа што ставала предмети под облеката за да делува како да има труднички стомак.
Шефка е осудена наредната година во Окружниот затвор во Тузла, најпрво на стрелање, но процесот е обновен уште истата година, па ѝ биле изречени 20 години затвор. Со нејзиниот случај се занимавалие многу стручњаци, но поголемиот дел од нив се сложни дека причините за злосторот можат да се бараат во обичаите на една суб-култура, односно заедница. Имено, таа живеела во место каде се сметало дека е грев доколку жената не роди. Други пак тврдат дека се работело за суета, бидејќи била лишена од можноста да биде мајка.
Се шпекулира дека по излегувањето од затвор, Шефка го сменила идентитетот, иако ваквите информации никогаш не биле официјално потврдени. Откако го сменила идентитетот, се омажила, па дури и родила дете. Со семејството, живееле во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка