| четврток, 6 декември 2018 |

Мапата на ДИК покажува кој треба да прави влада

Интерактивната мапа на Република Македонија на сајтот на ДИК која ги покажува изборните единици, меѓу другото со определена боја ги обележува оние единици во кои доминира политичката волја по број на гласови по број на општини, на избирачки места.

Според неа, 5 од 7 изборни единици се црвени, бојата со која ДИК ја обележува ВМРО-ДПМНЕ, една е темно-сина, бојата определена за ДУИ и една е сина, заштитниот знак на СДСМ. Во ИЕ6, пак ВМРО-ДПМНЕ има освоено повеќе гласови од СДСМ.

-Нема да му дозволиме да ја украде победата на Република Македонија. Имаме јасна кристално чиста победа. Имаме победа во манадати, имаме победа во општини, 50 наспроти 10. Имаме јасна победа во 6 од седум изборни единици. Имаме победа во број на гласови. И тоа верификувана и потврдена и конастатирана.  Зоран Заев изминатите години доби се што бараше, доби услови кои никој во светот не ги добил. Граѓаните на Македонија одлучија да го поразат, да ја поразат неговата политика, одлучија да ја поразат, и да ја задржат унитарноста на Република Македонија и уставниот поредок. Оваа држава има институции, има народ, има уставен поредок. За тоа кој ќе одлучува и кој ќе ја составува новата влада не одлучува Зоран Заев, одлучуваат граѓаните на Република Македонија, преку слободно изразена волја. Народот гласаше. Оваа изборна победа на ВМРО-ДМНЕ и коалицијата ја потврдија и верификуваа меѓуародните институции, ЕУ, Могерини, Хан, ОБСЕ, ОДИХР, САД, најголем број на набљудувачи кои сме ги имале до сега, и цела низа на земји со кои имаме билатерални контакти- посочи Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top